Мекларен со истрага за инцидентот на Норис

Формула 1 тимот на Мекларен спроведува истрага за причината околу мистериозното откажување на суспензијата на задното десно тркало од болидот на Ландо Норис во првиот дел од Големата награда на Канада.

Норис беше на солидното 9то место и беше тешко минат од Макс Верстапен, но во пресрет на последната кривина буквално се откачи неговото задно десно тркало на крајот од 8от круг. Застана до боксовите и предизвика жолто знаме, а од оштетеното тркало се гледаше пожар и чад.

сеуште истражуваме. имавме прегревање во задниот дел со механички оштетување, но сеуште треба да ја најдеме причината за истото. видовме само дека температурата нагло се покачи, сопирачките се променија, болидот минуваше прешироко во кривините и токму тогаш почна се да се случува – објасни шефот на тимот, андреас сеидл.

По трката, Ландо Норис откри дека не почувствувал никакво предупредување за можен проблем.

се беше во ред и се беше нормално. ми кажаа дека сопирачките се по малку топли, но и тоа беше дозволено на оваа патека. не ми кажаа да запрам или нешто слично затоа што не видоа што се случи. откажа суспензијата и тоа е тоа.

мислев дека имаме дупната гума или нешто слично. дојдов блиску до ѕидот, знам дека не удрив во ништо и дека не погрешив ништо. во моментов е мистерија – објасни норис.

Во врска со своето прешироко возење по патеката, тој изјави:

тоа беше грешка, а можеби и таму се почна, не знам, но ќе ја пропуштев кривината и решив да минам праволиниски без да правам поголем проблем одошто веќе имаше. но, штом се вратив на правецот се тргна наопаку.

кочев во пресрет на последната кривина, но сопирачките почнуваа да откажуваат, не работа како што треба и одлучив да не минам низ кривината, туку по асфалтот крај неа, но штом ја поминав сфатив дека нешто мнгогу не е во ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ