Мекларен со своја Индикар програма

Мекларен Рејсинг се враќа на Индикар каде ќе одработи цела сезона заедно со своите партнери Ероу Шмит Петерсон Моторспортс (Arrow Schmidt Peterson Motorsports) и Шевролет.

Британската компанија нема целогодишно Индикар учество од 1979 година ќе го надогради своето техничко и комерцијално знаење на Ерои ШПМ, а новиот тим ќе се вика Ероу Мекларен Рејсин ШП.

Основачите на Ероу, Сем Шмит и Рик Петерсон ќе продолжат да ги извршуваат своит есегашни улоги, додека Жил де Феран ќе биде оној кој ќе го води делот на Мекларен во новиот тим. Бразилецот, кој е поранешен Инди 500 победник, ќе биде задолжен за грипата на Мекларен во тимот, која ќе биде независна од Формула 1.

индикар е дел од мекларен уште од нашите почетоци, а серијата денеска нуди комерцијална платформа за раст на нашиот бренд во северна америка во натптревар со едни од најдобрите тимови во интернационалниот моторспорт.

тимое е вистинска синерфија и стратешко партнерство за наше враќање во спортот и веруваме дека заедно ќе стигнеме до целите – најави зек браун, главниот извршен директор на мекларен.

Годинешното учество на Мекларен на Индијанаполис 500 беше изведено во соработка со Карлин, но заврши катастрофално откако Фернандо Алонсо не успеа нити да се квалификува помеѓу 33цата кои обезбедуваат учество на главниот настан.

сем шмит и рик петерсон имаат изградено цврсти темели и ние сме нетрпеливи да работиме заедно со нив, носејќи го новиот тим на слендото ниво. пресреќен сум што ќе ја прошириме соработката со Ероу Електроникс во Формула 1 и Индикар, а ќе останеме поврзани и со шевролет како наш партнер за моторите.

мекларен и шевролет имаа посебна историја во северна америка и тие ќе станат дел од нашето враќање на индикар. се враќаме со целосна и огромна почит кон спортот, конкурентите, фановите и задачите кои ни престојат.

во нашата срже е да бидеме дел од конкуренција кој не става на тест и не тера да с етркаме, а Индикар серијата ни овозможува токму таков предизвик – смета зек.

Сем Шмит, сосопственикот на тимот изјави:

пресреќен сум и горд што тимот кој јас и рик го изградивме ќе соработува со легендарен бренд како мекларен рејсинг кои одлучија да ни бидат партнери во продолжетокот од походот кон индикар врвот.

ероу е одличен партнер кои е интегрален дел од нашиот раст како тим од 2015 година, а партнерството само се засилува.

заедничките технички ресурси и комерцијални можности на мекларен и ероу ќе ни донесат победничка комбинација.

Во моментов возачи на Ероу ШМП се Џејмс Хиндклиф и Маркус Ериксон, а возачите за следната година сеуште не се објавени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ