Мекларен со свој тим на Инди 500

Шефот на Мекларен, Зак Браун, изјави дека ќе направат целосно нов тим за нивното учество на Индијанаполис 500 наредната година со Фернандо Алонсо во кокпитот.

Минатата година Алонсо возеше како дел од Андрети Аутоспорт тимот кој има маркетинг подршка од Мекларен, а единствена техничка подршка беше присуството на Нил Оутли како набљудувач. Сега тимот ќе вози под знакот на Мекларен, но повторно ќе има техничка подршка од Андрети. Тоа сеуште не е официјално како и очекуваниот договор со Шевролет за испорака на мотори.

Браун е сигурен дека новата програма нема да направи проблем на Формула 1 програмата и дека техничките ресурси ќе бидат посебни.

Ова е целосно нов тим, Имаме голем тим и многу ресурси, сигурни сме дека ќе дадеме се од себе во Формула 1 и на Индијанаполис 500 без едно со друго да се загрози.

Луѓето кои не се во Формула 1 тимот ќе бидат во Инди. Ова е целосно нов влез на Мекларен. Од секогаш сме имале желба да настапиме како Мекларен Рејсинг, но последниот пат за толку кратко време не можевме да го направиме тоа.

Акционерите сакаа да одиме како Мекларен Рејсинг, но имавме само 6 недели тогаш а сега имаме повеќе време.

За Зек Браун, учеството на Индијанаполис не бара посебно размислување.

Секогаш сме го сакле ова, но сакавме да е како што треба и среќни сме со тоа.

Наша цел со Фернандо е да му дадеме шанса да биде конкурентен и да ја донесе победата. Опремата, тестирањето, персоналот и се е тоа што го има Алонсо на располагање за да победи.

Мислам дека нема да имаме два болида. Можеби сме во позиција за да возиме цела сезона, но ќе видиме. Индикар е серија која е атрактивна за Мекларен. Имаме големи амбиции, но сакаме да се вратиме на победничките патеки. Тоа е наша долгорочна цел и ќе видме што ќе се случи но секако би сакал цела сезона во Индикар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ