Мексико: Верстапен безгрешен, но Хамилтон до 5та титула

Макс Верстапен имаше безгрешна трка со својот Ред Бул РБ14 болид и победи препуштајќи го водството само додека менуваше гуми, но Луис Хамилтон заврши на 4то место и со тоа и теоретски ја освои титулата, 5та шампионска за него.

Холанѓанецот дојде до својатта 5та победа во кариерата, втора во Мексико и јубилеен 20ти подиум. Ред Бул дојде до својата 59та победа во историјата и 159ти подиум за нив.

Второто место за Себастијан Фетел беше негов прв подиум во Мексико и 110ти во неговата кариера, а Раиконен стигна до својот 102ри. Скудерија Ферари стигна до 749 подиуми во историјата и 514ти пат тоа се 2-3 подиуми.

Стартот не трката не беше толку нечист како што многумина најавуваа, Верстапен “го прелета“ својот тимски колега Даниел Рикардо, кој не само што го загуби првото, туку го загуби и второто место од Луис Хамилтон, кој феноменално тргна. Ферарито на Фетел се залета, но се најде блокирано од болидите пред себе и не успеа да “ќари“ позиција.

Првиот круг имаше и допир на болид на Форс Индија возен од Естебан Окон со Торо Росо по што се скрше предното крило на французинот. Делот од крилото заглави во болидот на Фернандо Алонсо кој поради тоа прегреа, по што Нандо мораше да се паркира крај патеката како прв откажан болид по само 5 кругови во трка. Следуваше Вирутелно безбедносно возило само еден круг.

Кругот број 12 беше моментот на двојно менување во Мерцедес, најпрво Хамилтон, а потоа и Ботас променија од ултрасофт на суперсофт, црвената најтврда компонента откако имаа очигледно најголема деградација на првиот сет квалификациски гуми.

Следниот круг гуми промени Даниел Рикардо, исто така добивајќи суперсофт, а во 14от круг истото го стори и лидерот Макс Верстапен. Кими Раиконен и Себастијан Фетел влегоа во бокс последни од топ 3 екипите, променија на суперсофт во 18от круг.

Во 14от круг Перез беше “напален“ пред домашната публика откако 5-6 кругови се бореше за 7мо место со Маркус Ериксон, успеа а го мине. Истиот круг, Карлос Саинз го мина Кевин Магнусен од Хаас за 9то место, а потоа и Маркус Ериксон за 8мо.

Поради квалификациите со хиперсофт, Заубер влезе многу рано во боксот, но во 26от круг Шарл Леклер го мина Кевин Магнусен и се врати на 10то место, во поени.

Кругот број 31 беше несреќен за вториот шпанец на гридот. Откако Фернандо се откажа по само 5 кругови, Саинз се паркираше во стадионскиот дел откако неговиот болид неприродно се однесуваше на неколку кривини по ред. Следуваа два кругови под Виртуелно безбедносно возило.

Себастијан Фетел и Даниел Риакрдо во овие моменти се бореа за 3то место, австралијанецот заглави позади заостанати болиди, загуби ритам, аво 34от круг Ферари успеа да мине. Пет кругови подоцна, Себастијан успеа да го мине и својот најголем конкурент за титула, Луис Хамилтон и да дојде до 2ро место.

Третото откажување и повторно возач кој потекнува од шпанско говорно подрачје, домашниот херој Серхио Перез кој ги загуби сопирачките на првата кривина и мораше да се паркира во гаражата.

Во кругот број 47, гумите на Луис Хамилтон целосно откажаа, тој се бореше со Даниел Рикардо и го загуби своето 3то место. Дополнително, гледајќи во ретровизорите тој целосно “ја утна“ првата кривина и малку се повозе по тревата крај патеката. Актуелниот првак падна на 4то место, но секако првите 7 позиции му гарантираа титула без оглед на се.

Кругот број 48 беше моментот кога Себастијан Фетел влезе и промени на ултрасофт, истото го стори и Хамилтон, доби иста боја гуми, но стар сет поради тоа што немаше нов сет на располагање.

Во тој круг број 48, Кими Раиконен го направи на Валтери Ботас истото што Даниел Рикардо му го направи на Суис Хамилтон. Се залепи зад Мерцедес и го натера Ботас доцна да закочи и да ја напушти патеката, враќајки се на асфалтот преку тревата.

Следниот круг во бокс влезе Верстапен, но доби потврда суперсофт компонента, а Валтери исто така се реши на промена, но доби ултрасофт.

Кругот број 62 е моментот што Даниел Рикардо ќе сака да го заборави. Се бореше 10-тина кругови со Себастијан Фетел и заостанати болиди пред да му откаже моторот, кој почна да чади и австралијанецот се паркираше на крајот од стартниот правец. Неверојатно 8мо откажување за Рикардо оваа сезона.

Осум кругови пред крајот на трката, Валтери Ботас се реши на трето менување на гуми, добивајќи хиперсофт, така што Кими Раиконен остана на 3то место како единствен возач што ја комплетираше трката со една промена на гуми.

Ова беше втора трка сезонава каде возач на Мерцедес нема на подиум. Првиот пат тоа се случи на Големата награда на Австрија каде двата сребрени болиди откажаа и интересно и таму победи Макс Верстапен. Двојниот подиум на Скудерија потсети на 1989 година кога Алан Прост и Најџел Мансел се најдоа на подиум во Мексико.

На крајот, Верстапен победи пред два возачи на Ферари и два возачи на Мерцедес. Нико хулкенберг како и на квалификациите, така и на трка, беше најдобар од останатите. Двони поени со 7мо и 9то место за Заубер, Стофел Вандорн со мекалрен ги раздели, а последните поени отидоа за Пјер Гасли од Торо Росо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ