Мексико останува на календарот, утре сите детали

Организаторите на Мексиканското Гранд При објавија дека трката ќе продолжи да се одржува и по истекот на тековниот договор кој престанува по овогодинешниот настан.

Мексико заедно со Силверстон, шпанска Барселона, Монца и Германија беа 5те трки за кои оваа година беше последна согласно потпишаните договори, а преговорите кај сите од нив за продолжување се од поодамна почнати.

забавата во мексико сити ќе продолжи. ви благодарам што бевте најдобри фанови на планетата. останете на социјалните медиуми утре за официјална објава на сите детали – вели официјалниот твитер профил на трката.

Следуваше и потврда на Градоначалничката Клаудиа Шеинбаум преку нејзина видео порака.

сакам да споделам убави вести кои штотоку ги примив. формула 1 останува во мексико сити. претседателот на фиа ќе дојде утре да го потпише договорот. тоа е одлична вест за градот.

исто така сакам да упатам благодарност на групата бизнисмени кои го овозможија ова затоа што овој пат нема да се користат никакви јавни средства во организацијата. тоа е одлично за градот, носи туристи, носи приход, но одлично е и за целата земја – вели Шеинбаум.

Но, недостатокот на поддршка со “јавни пари“ значи и несигурност на организацијата во иднина и покрај тоа што популарниот домашен возач Чеко Перез е веќе долго време на гридот, а од враќањето на трката во 2015 година, публиката е секогаш присутна во огромен број. Првичниот договор на Мексико беше петгодишен, а шпекулациите велат дека овој пат тие се обврзале само на три сезони.

И Силверстон во пресрет на својата Гранд При трка официјално објави продолжување на договорот, со Италија е само прашање на време и веројатно нивната објава ќе се случи пред овогодишната трка во Монца, а Владата во Каталонија пред некој ден даде мандат на шефовите на патеката да склучат нов договор. Се чини дека по “куси ракави“ на крајот ќе остане само Хокенхајм.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ