Мексико: Победата на Луис во сенка на глупостите на Макс

Луис Хамилтон стигна до својата 8ма победа оваа година, вкупно 51ва за него во кариерата и 62ра за неговиот Мерцедес. Видовме многу интересен и возбудлив старт во Мексико, а потоа следуваше досадна трка се до последните 5 кругови кога Ветел имаше феноменални дуели со возачите на Ред Бул. На 3то место пристигна Макс Верстапен, но поради крајно нефер потегот доби казна од 5 секунди со што Скудерија Ферари конечно дојде до подиум, а лудиот Макс доби 5то место.

Првата кривина донесе многу возбудувања. На врвот на поредокот, Луис Хамилтон сакајќи да си ја заштити позицијата предоцна закочи и првите два свиока целосно ги пресече минувајќи преку тревата. Нормално, како чесен возач на Мерцедес за ова не доби казна.

Зад него дуел имаа неговиот тимски колега Нико Розберг и Даниел Рикардо од Ред Бул. Рикардо имаше подобра линија, но германецот се одлучи да тргне по својот колега и го пресече вториот свиок и нормално и тој не доби казна, а доби одбрана на 2то место.

 

Интересно беше во гужвата зад водечките. Естебан гутиерез предоцна кочеше и го закачи Паскал Верлејн упропастувајќи му ја одличната позиција од квалификациите. Германецот од Манор се изврте и го собра со себе Маркус Ериксон од Заубер. Казна немаше за никого, а единствено Паскал ја заврши трката. Ова значеше безбедносно возило следните 2 кругови.

Додека безбедносното возило беше на патеката, Себастијан Ветел пријави дупната гума, но се заклучи дека тоа е лажна тревога и возачот на Ферари остана на патеката.

Забавената трка од страна на Бернд Мајландер ја искористи Даниел Рикардо кој откако увиде дека не успеа да мине ниту еден Мерцедес на стартот, се реши да ги промени своите суперсофт во Медиум пневматици. По излегувањето од боксот Рикардо беше на 17то место, но до 10от круг “ќари“ 5 позиции.

Редовна промена на пневматиците прв направи Макс Верстапен кој во 13от круг промени на медиум компонента и излезе на 11то место, веднаш зад тимскиот колега. Во тие моменти, Хулкенберг беше 3ти и го задржуваше Раиконен, а Маса беше 5ти и го задржуваше Ветел.

15от круг беше моментот кога Хулкенберг и Маса влегоа во боксот и возачите на Ферари дојдоа веднаш зад “сребрените“. Во истиот круг, стјуардите му изрекоа казна од 5 секунди на Карлос Саинз затоа што во првиот круг го избуткал опасно Фернандо Алонсо од патеката.

alo_sainz_mexico

Кругот број 17 беше моментот кога Луис Хамилтон влезе по нови гуми, а Нико Розберг остана уште 3 кругови за да ја покрие стратегијата на Ред Бул. Паралелно со Розберг во пит влезе и Кими Раиконен и сите излегоа на иста компонента, а тоа е белиот медиум пневматик.

Кругот број 22 беше моментот кога Даниел Рикардо го пропушти Макс Верстапен поради тоа што холанѓанецот беше евидентно побрз од својот тимски колега. Два круга подоцна уште една тимска наредба, Ботас лесно го мина Маса, а овој продолжи да го задржува Серхио Перез и неговите напади до крајот од трката.

perez_mas_mexico

Себастијан Ветел беше последен кој влезе во бокс на патеката. Со своите софт гуми тој извозе 33 кругови трка и плсу 3 на квалификациите што значи дека и покрај препораките на Пирели за најмногу 22 кругови со софт, тој комплетираше дури 36. Германецот по менувањето излезе на 6то место позади својот тимски колега.

Кими Раиконен се жалеше на лош грип од својот сет медиум гуми и поради тоа во 46от круг влезе по нови, а промена од медиум на софт направи Рикардо во 51от круг излегувајќи на 6то место, но експресно минувајќи го Нико Хулкенберг.

Следуваше затишје се до последните 5 кругови. Во 67от откако 15тина кругови демнеше од позадина, Кими Раиконен се реши на маневар над Хулкенберг при што Ферарито се допре со болидот на Форс Индија. Хулк беше потврдоглав и се изврте, а финецот му ја превзема позицијата.

Следниот круг Ветел конечно успеа да ги анулира 5те секунди предност кои ги имаше Макс Верстапен и со ДРС го мина на стартно целната рамнина односно свиокот број 1. “Зелениот“ холанѓанец мина преку тревата, исто како и Хамилтон во првиот круг. Иако од тимот му сугерираа да ја врати позицијата, Макс не се даваше и продолжуваше да го задржува Себастијан. Возачот на Ферари беше бесен преку тимското радио.

Откако свати дека Верстапен “го бутка“ во Рикардо, Ветел свати дека мора дај а брани позицијата. Имаше дуел болид до болид со австралијанецот во последниот круг на крајот на втората ДРС зона, дуел од кој искочи како победник. Но, трката ја заврши како 4ти разулавено пцуејќи преку тимското радио.

podium_mexico

Штом возачите отидоа накај подиумот стигна и официјалната пресуда на стјуардите за казна од 5 секунди на Макс Верстапен, што значеше дека Ветел е 3ти, Рикардо 4ти, а Макс на 5то место. Холанѓанецот беше разочаран и очаен, но испратен надвор од подиумот, а Ветел спроведен внатре.

seb_trca_mexico

На 6то место заврши Раиконен, пред Хулкенберг, двата болиди на Вилијамс и вториот Форс Индија возен од Перез. Ериксон беше 11ти и за малку пропушти поени оставајќи ги зад себе возачите на Мекларен.

Луис ја намали разликата во однос на Розберг на 19 поени, додека Ветел го зацврсти 4то место со 14 поени пред Кими, а финецот е 3 пред Верстапен. Кај тимовите е статус кво, Ред Бул си ги заджра 53те поени, а Форс Индија 8те поени позитива.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-19-meksiko.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ