Мерцедес ги објави финансиските податоци

Мерцедес заработиле и потрошиле речиси исто во 2018 година како и претходната сезона.

Тимот во 2017 година заработил 337.2 милиона фунти, додека во 2018 година заработиле 338.4 милиони фунти. Потрошувачката се зголемила од 309.7 милиони фунти на 311.4 милиони по што имаат профит по данок од 13.3 милиони фунти.

Потрошувачката е многу зголемена од 2016 до 2017 година поради промената на правилата. Фактот што Мерцедес нема зголемена потрошувачка во 2018 година е поради стабилните правила.

Сеуште нема изгледи за новите правила од 2021 година и тоа ги приморува топ 3 тимовите да трошат премногу.

Во последните три сезони бројот на персонал вработен во тимот се зголемил од 849 луѓе во 2016 година, на 912 вработени во 2017 година и 968 вработени на крајот на минатата сезона. Зголемувањето на трошоци за плати изнесува 6.5 милиони фунти, а маркетинг одделот потрошил 4 милиони фунти повеќе од минатата година.

Но сепак 25.3 милиони фунти се вратиле во тимот поради намалувањето на трошоци за моторите и со тоа Даимлер учествуал со помалку од 40 милиони фунти во буџетот на екипата.

Во бројки, Мерцедес профитирал доста и од присуството на телевизискит екрани каде им било посветено 24% од времето и со тоа има најголем дел од комерцијалните партнери.

Вредноста на брендот Мерцедес пораснала од 31.9 милијарди фунти во 2013 година, на 48.6 милијарди долари во 2018 година поради учеството во Формула 1 со што е осми највреден бренд во светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ