Мерцедес го консултирале Хамилтон: Ботас или Окон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри дека екипата го косултирала Луис Хамилтон да даде свое мислење за својот колега следната година, Валатери Ботас или Естебан Окон.

Во Унгарија Волф објасни дека летово ќе го откри тандемот на возачи за 2020 година, така што до првата трка од остатокот од сезоната која ќе се вози на Белгиска Спа, треба да биде познат партнерот на Хамилто. Опциите се познати, или ќе се задржи финецот Валтери Ботас четврта година по ред или Естебан Окон ќе биде промовиран од резерва во редовен возач на екипата.

ваквите одлуки ги носиме чисто од интерес за тимот, но луис е со нас многу долго време и поради тоа побарав мислење од него за следниот возач. тој има исто мислење како и ние, двајцата заслужуваат да бидат крај него следната година – откри тото за италијанск La Gazzetta dello Sport.

Запрашан кога екипата од Бракли ќе го потврди тандемот за следнат агодина, Волф изјави:

веќе ионака сме откриле премногу на оваа тема во печатот. јас не сакам никакви рокови, но ќе кажам дека за неколку недели се ќе биде решено.

Во однос на изборот на екипата, австрискиот шеф смета дека имаат морална обврска кон возачот кој ќе го изостават, да му помогнат да си најде место во Формула 1 и не пропушти да се дистанцира од можното доаѓање на Фернандо Алонсо во екипата.

дефинитивно не сакаме да се повторуваат некои работи кои се случуваа кога алонсо и хамилтон беа колеги во мекларен во 2007 година.

Но, Волф не отфрла потенцијален трансфер на Себастијан Фетел во тимот во иднина.

себастијан е и останува темел на ферари и навистина не знам што ќе прави во 2021 година кога ќе му истече договорот. кај нас се по 2020 година е отворено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ