Мерцедес незадоволни од поразите во Спа и Монца

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека “сребрените стрели“ не се среќни и задоволни што на две последователни трки губат од Скудерија Ферари и покрај тоа што собраа многу поени.

Хамилтон и Ботас беа на подиум во Белгија и Италија, но Шарл Леклер беше највисоко, а освојуваше и пол позиција на двете патеки.

се вративме од летната пауза и знаевме дека ќе следуваат две мнгоу тешки трки за нас. завршивме со двоен подиум и вкупно 67 поени, но тоа беше повеќе ограничување на штетата одошто силни перформанси.

јасно е дека поразите од спа и монца не ни се “по кејф“, никој во бриксворт и бракли не е задоволен и поради тоа одиме само на победи – најави волф.

Карактеристиките на патеките каде се возеа последните две трки се главната предност за Ферари, но Сингапур е целосно различен.

следната трка не води во сингапур, спектакуларна ноќна трка која одлично го прикажува нашиот спорт. распоредот и климата го прават викендот многу тежок за тимот, температурите во гаржата лесно се искачуваат и над 40 степени, а влажноста и исто така висока.

тешко е да се работи во такви услови како за сите во тимот така и за возачите. долго време сингапур беше една од нашите најтешки патеки, но направивме подобрување и се надеваме дека нема да биде така.

сепак, не земаме ништо “здраво за готово“, треба да го разбереме болидот и гумите особено на оваа патека. нетрпеливи сме на борбата која претстои.

Предноста на Мерцедес кај конструкторите порасна на 154 поени по Италијанското Гранд При.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ