Мерцедес немале место за младиот Шуми

Иако Мерцедес долго време размислуваа да го “земат под свое“ младио Мик Шумахер, сепак Тото Волф откри дека тоа не било возможно поради фактот што веќе имале премногу јуниори во својот тим. Можноста ја искористи Ферари кои го донесоа Мик во својата Академија.

Младиот германец е лански Европски Формула 3 првак кој сезонава продолжи да вози за Према, но во Формула 2 тркачката серија. Дополнително, доби и тест во Скудерија за време на првиот сезонски тест во Бахреин.

Волф појасни дека тимот ионака се мачел да најде место за своите јуниорски возачи и морале да се откажуваат од некои, а не да носат нови во својата програма.

размислувавме за таа опција, но како да го земеме кај нас. веќе се мачиме да најдеме место во формула 1 за нашите возачи џорџ расел и естебан окон – изјави тото за италијанска La Gazzetta dello Sport.

Австрискиот тимски шеф смета дека е само прашање на време пред талентираниот син на сеудмкратниот Формула 1 првак влезе во Формула 1.

мик е добро момче, има карактер и порасна и созреа во формула 3 и формула 2. сигурен сум дека ќе дојде вистинското време за него да влезе во формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ