Мерцедес не биле целосно убедени во второто влегување на Луис

Тото Волф, шефот на Мерцедес, откри дека одлуката да се внесе Луис Хамилтон по втор пат во бокс била 50-50.

Актуелниот шампион во најголем дел од трката се возеше на 3то место, но откако конкурентите по втор пат влегоа по свежи гуми, тој го превзеде водството пред својот колега и Себастијан Фетел кои беа на стратегија со две влегувања. Поради зголемена загриженост предизвикана од големата деградација на гумите, “сребрените стрели“ се решиле за две влегувања по свежи гуми што значи дека по втората промена, Хамилтон повторно с еврати на 3то место, но имаше свежи софт за да го напаѓа Ферари кои беа на постари медиум.

Тото откри дека одлуката била една од неколкуте во текот на трката кои не биле воопшто лесни, а се размислувало и да се остави Луис на една промена, но да се променат позициите, неговата и на Ботас.

кога сте во водство треба да си ја штитите позицијата, а кога не сте, тогаш може да превземате ризици и да напаѓате. тоа што ние го направивме е штитење на водството на валтери, а тоа му беше олеснато со второто влегување на себастијан.

беше јасно дека победата му се насмевнува на валтери, ние не “ги тркаме“ колегите еден против друг со стратегија. потоа работевме на осигурување на 2то мсто, а одлуката да се повика луис во боксот за нас беше 50-50.

можевме да го оставиме надвор и да побараме од возачите да си ги променат позициите за да се врати првобитниот резултат, а потоа и да се заштитиме од себастијан.

од друга страна, можеби ако не се штитиме толку многу од ферари, можеме да влеземе по трет сет на гуми, да му дадеме нови софт е она што го направивме и сметавме дека тоа е вистинска одлука – појасни волф.

Потоа тимскиот шеф беше запрашан дали смета оти Хамилтон можел да стигне до крајот на трката доколку подобро менаџирал со гумтие во својата прва серија, Тото одговори.

не. гумите одеднаш губеа перформанси, се гледаше дека робусно работеа, а од круг во круг возачите се жалеа дека немаат грип, двајцата го велеа тоа.

кога променивме кај луис по втор пат неговиот фидбек беше дека гумите во одреден момент губат карактеристики и му беше тешко да се брани. не беше никогаш прашање за втора промена кај валтери затоа што него знаевме дека немаме шанси до крајот.

Сепак, на крајот од трката Хамилтон беше фрустриран и незадоволен од стратегијата на Мерцедес и двете промени на гуми, тоа го кажа и преку радиото неколку пати.

јасно ни е дека возачите секогаш сакаат да победат и сакаат максимум од секоја можност. ако не победат, тогаш се вознемирени, тоа целосно го разбираме.

и луис го знае тоа многу добро и ја разбира ситуацијата дека во тешките моменти мораме да обезбедиме максимални поени за тимот.

се додека се снаоѓаме во лошите моменти секогаш ќе се враќаме, разговараме и продолжуваме уште посилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ