Мерцедес не го штеделе моторот

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека екипата не го штедела својот мотор во борбата против Ферари на Монца и покрај тоа што имаа неколку проблеми кај своите муштерии последните две трки.

За време на тркачкиот викенд во Белгија откажаа моторите на Серхио Перез од Рејсинг Поинт и на Роберт Кубица од Вилијамс. Во пресрет на трката во Монца од Мерцедес признаа дека сеуште не се сигурни дали ќе го искористат целосниот потенцијал од моторот, но по фантастичната брзина на Скудерија Ферари на правците, морале да го направат тоа.

не го ограничувавме моторот преку модовите. го користевме според планоТ и среќен сум што немавме никакви проблеми со оглед на претходната трка и нашите муштерии – задоволен е волф.

Придобивките кои Ферари ги направи со својот мотор во текот на зимата ја збунија конкуренцијата, а италијанците се пребрзи на правците. Сепак, Волф е свесен што треба да се направи за да се врати предноста која ја имаа.

добро разбираме каде е нашиот недостаток и мораме да го намалиме. јасно е дека разбирањето е одличен прв чекор, но монца мина и следуваат трки кои повеќе ќе ни одговараат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ