Мерцедес очекува борба со Ред Бул во Сингапур

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, очекува Ред Бул да бидат нивни главни ривали претсојната трка во Сингапур, но не ги отпишува нити италијанците од Ферари.

И покрај тоа што дадоа се од себе “сребрените стрели“ не успејаа да ги победат Ферари и Шарл Леклер, а возачот од Монако стигна до две победи на последните две трки.

Формула 1 оти на Марина Беј во Сингапур на патека полна со кривини која бара многу техника, се вози навечер и се очекува Мерцедес и Ред Бул да доминираат. Тото е нетрпелив да дознае дали неговата екипа ќе успее да ги порази “биковите“ на патека која им одговара.

знаевме дека спа и монца ќе бидат тешки за нас. на хартија треба да бидеме силни во сингапур, исто како и ред бул. да видиме дали ќе успееме да ги победиме.

немам сомнеж дека ферари научија многу и дека ќе имаат подобар пакет во сингапур одошто тоа беше случај во унгарија – очекува волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ