Мерцедес парично казнети по грешката со горивото кај Хамилтон

Мерцедес добија парична казна од 5.000 евра откако ФИА откри дека во болидот на Луис Хамилтон горивото било поладно одошто тоа е дозволено за време на првата тренинг сесија во Сингапур.

Минималната дозволена температура на горивото треба да биде 10 степени пониска од температурата на воздухот. Горивото во Мерцедес В10 со број 44 бил 11 степени под воздушната температура која ја измерила ФИА заедно со компанијата задолжена за временските услови еден час пред почетокот на сесијата.

претставниците на тимот признаа дека темепратурата е под барањето согласно техничките правила поради гнивна грешка. поради тоа што прекршокот се случил за време на првата тренинг сесија, дадена е само парична казна – гласи соопштението од стјуардите.

Првата тренинг сесија британецот и актуелен првак и лидер во поредокот ја заврши на 3то место зад Верстапен и Фетел, додека вторите 90 минути ги финишираше на прво место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ