Мерцедес подготвени за поблиска соработка со Рејсинг Поинт

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тимот е отворен за поблиска соработка со Рејсинг Поинт, а тоа ќе се знае откако ќе бидат познати правилата за 2021 година.

Рејсинг Поинт, порано познат како Форс Индија, моментално користи мотор од Мерцедес и пред некое време почна да ги користи воздушните тунели на тимот откако престана да ги користи тие на Тојота во Келн. Иако техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, Ендру Грин изјави дека ова е од ефикасни причини се јавија гласини дека тимот ќе почне ра соработува слично како Хаас и Ферари.

Волф веднаш ги отфрли гласините за такво нешто и според него не е проблем таквото партнесртво, а измена во партнерството би направиле откако ќе ги знаат правилата за 2021 година.

Прво, ние не го користиме моделот на Хаас и Ферари бидејќи Хаас е нов тим почнат од нула.

Овие момци се тука подолго време. Не знам што е лошо во нивната врска. Тие му помогнаа на некој тим да започне, и соработката со Ферари не блокира никого туку му помага да се бори во средината. Тоа е добро за Формула 1.

Нашиот модел е различен. Од некои причини, Енди и неговиот тим знаат што сакаат да постигнат и имаат одлична екипа што ги води во вистинска насока. Ќе користат дел од нашата инфраструктура и ќе видиме каде ќе завршиме. Откако ќе ги имаме новите правила ќе одлучиме како сакаме да продолжиме понатаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ