Мерцедес под истрага за горивото на Хамилтон

Претставници од тимот на Мерцедес се повикани кај стујардите откако се откри прекршување на правилата кај болидот на Луис Хамилтон.

Техничкиот делегат на Формула 1, Џо Бауер, за време на првиот тренинг увиде дека горивото што треба да се стави кај Хамилтон е поладно од дозволеното.

Температурата на горивото кое треба да се користи во болидот со број 44 беше 11 степени поладно од дозволената амбиентална температура што е добиена од временската прогноза. Поради ова тимот треба да се јави кај стујардите.

Поладно гориво дава подобри перформанси во однос на сила и густина, а ФИА одамна постави лимит за тоа да не биде искористено од тимовите до екстрем. За ваков сличен случај Алфа Ромео во Австрија доби казна од 5.000 евра за горивото кај Џовинаци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ