Мерцедес првично не го сакале Хамилтон

Според поранешниот Главен извршен директор на Мерцедес, Ник Фрај, “сребрените“ првично не го сакале Луис Хамилтон како замена за легендарниот Михаел Шумахер во тимот.

Тие барале замена за седумкратниот првак и партнер на Нико Розберг кој тогаш бил под договор, но Фрај откри дека иако лично тој бил за британецот, менаџментот на Мерцедес сакал да го ангажира Ник Хајдфелд.

првично не можев да го убедам бордот на мерцедес да го потпишеме луис и неколку пати не враќаа назад за да смислиме нови идеи. не знам од која причина ни беше посочуван ник хајдфелд кој беше силно заинтересиран да вози за екипата и цело време ми праќаше слики од себе, семејството, кучето и што ли уште не за да го разгори мојот интерес за него – напиша фрај во својата книга ‘Survive. Drive. Win.’.

Други возачи на кои сериозно се сметало биле Пол ди Реста, но и Жак Вилнев кој сам се понудил на тимот и сакал да направи враќање во тркачката серија. Но, на крајот се потпишало договор со Хамилтон, но претходно во екипата пристигнал и Ники Лауда кој ја овозможил целата работа. Фрај откри дека Лауда му рекол да оди и да потпише со Хамилтон, а тој подоцна ќе побара прошка од менаџментот на Мерцедес.

Со Луис долго се преговарало, но Ники бил клучен во убедувањето да замине од Мекларен и да дојде во Мерцедес кои во тоа време биле нова екипа која го превзема Браун ГП во 2009 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ