Мерцедес: Проблемите во Канада “не разбудија“

Проблемите со кои се соочи Мерцедес влијаеле како “будење“ за производителот, смета тимскиот шеф Тото Волф.

Мерцедес има победа на сите седум трки во сезоната и има значителна предност во генералниот пласман, во двете конкуренции. Но, во Канада тие имаа мали проблеми. Проблем со системот за гориво имаше ефект над возењето на Валтери Ботас во Т1, додека проблем со хидрауликата доведе до работа на болидот на Хамилтон пред самиот почеток на трката.

Болидот на Ленс Строл, кој користи мотор на Мерцедес, исто така имаше проблеми во последната тренинг сесија.

Канада не разбуди. По неколку трки со добра издржливост, искусивме неколку проблеми во текот на еден викенд, скоро сите поради наша вина.

Бевме среќни што тие проблеми се појавија додека имавме време да ги поправиме, но исто така знаеме дека можеа да се појават во најлошиот можен момент, а механичарите се најзаслужни што тоа не е случајот.

Во Франција очекуваме уште една тешка битка. Патеката е слична со Монтреал, со долги правци, што ќе биде предизвик за нас.

Сепак, за разлика од Канада, карактеристиките на свиоците се различни, со различни брзини, што ќе биде наша предност. едвај чекаме на шансата да ги појасниме работите – изјави тимскиот шеф тото волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ