Мерцедес се приклучува на серијата на Нетфликс

Шефот на Мерцедес, Тото Волф потврди дека тимот ќе биде дел од наредната сезона на документарната серија на Нетфликс за Формула 1 иако не му се допаѓала првата сезона.

Формула 1: Вози за да преживееш беше одлично рангирана помеѓу фановите кои беа фасцинирани од тоа што се случува позади сцената и во падокот.

Мерцедес и Ферари не беа дел од првата сезона плашејќи се дека ќе им се тргне фокусот од трките.

Пред трката во Канада, Волф изјави дека се премислиле и ќе бидат дел од наредната сезона и ќе им овозможат пристап на Нетфликс на една трка во текот на сезоната. Тој изјави дека не му се допаѓала серијата се додека не ја изгледал.

Нашиот главен конкурент не беше дел од серијата и ние мислевме дека ќе ни се тргне фокусот. Но откако ја изгледал серијата на пат кон Австралија не ми се допаѓаше. Мислам дека не отсликува тоа што се случува на патеката. Но сите кои ја гледаа беа презадоволни. Откако ја гледав повторно сфатив дека има добри приказни. Се работи за улогите. Ми покажа нов поглед на публиката и како ја сфаќаат Ф1. Затоа сакаме да бидеме дел од Нетфликс наредната сезона. Ќе биде само една трка и тоа најверојатно Хокенхајм. Но не сум сигурен.

Од Ферари сеуште нема одговор но се очекува и тие да се дел од серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ