Мерцедес со “главоболки“ поради проблемите кај Ботас

Тото Волф откри дека проблеми со моторот кај Валтери Ботас при завршницата на Француското Гранд При “им создале главоболки“ до крајот на трката.

Ботас заостануваше позади Хамилтон скоро 20 секунди додека се бранеше од нападите на Шарл Леклер, но ја задржа втората позиција.

Финецот изгуби повеќе време поради Виртуелно Безбедносно Возило, но проблеми во агрегатот се појавиле на неколку кругови до крајот, поради што Леклер му се доближи.

Имавме мал проблем кај Валтери кој ни создаде мала главоболка. Се појави многу касно. Мислам дека имаше шест или седум кругови до крајот. Се обидовме да го менаџираме, што се покажа како успешно и потоа беше под контрола.

Често кога гледате на ТВ екраните, не се покажува целата драма која се случува. Кај Луис мора да видиме што се случило со неговото седиште, но го менаџиравме болидот на правилен начин за да избегнеме проблеми, а во одреден момент имавме и мали пликови на пневматиците. Не бевме загрижени, но беше интересно да се следи.

Севкупно сум навистина среќен со перформансите на тимот викендов, мислам дека беше наша најсилна трка досега во сезоната – истакна Волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ