Мерцедес: Требаше порано да го повикаме Хамилтон во бокс

Директорот за инженеринг на патека во Мерцедес, Ендру Шовлин, признава дека откако ја анализирале стратегијата во трката, тимот требало да го повика Хамилтон во бокс порано во првиот стинт, со цел да го претекнат Фетел и да стигнат до 1-2 во Јапонија.

Фрустрираниот Хамилтон се пожали дека со подобра насока тие можеле да доминираат во Јапонија, но откако влезе во бокс подоцна од неговиот ривали, тој заглави позади Фетел и на крајот мораше да се задоволи со трето место.

Мерцедес признаа дека тактиката не им била најдобра и требале порано да го повикаат Хамилтон во бокс.

Гледајќи на стратегијата, тоа што требаше да го направиме е да го внесеме Луис порано за агресивен андеркат, со 2 застанувања во бокс, со што Луис ќе излезеше пред Фетел на крајот на првиот стинт.

Едноставниот одговор е дека се обидовме да направиме разлика во деградацијата на пневматиците во однос на Фетел. Луис излезе со големо заостанување позади Фетел, но имаше понови пневматици до крајот на трката.

Со податоците од деградацијата, знаеме дека во целата трка тоа ќе не чинеше 2.5 секунди, но ако имате пневматици кои се побрзи кога се понови, тогаш може да претекнете.

На тоа се надевавме, во последниот стинт Луис да го претекне Фетел. Тоа не успеа и треба да разгледаме зошто не успеа.

Шовлин негира дека ја промениле стратегијата на Хамилтон од едно на две влегувања.

Забележавме дека времињата по круг почнаа да паѓаат, од една десетинка по круг, но потоа на 3 десетинки, а тој ни пренесе по радиото дека пневматиците се истрошени.

Тоа беше показател дека ги користиме правилните пневматици. Во тој момент моравме да донесеме одлука. Не ги имавме сите податоци, но тоа што го забележавме беше дека возачите кои се на стратегија со едно влегување, имаа многу долг прв стинт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ