Мерцедес ја најде причината за откажувањето на моторот на Строл

Мерцедес открија дека откажувањето на моторот во болидот на Ленс Стрл во Канада е резултат на дефект кај една свеќичка во агрегатот, а веќе се превземени мерки за истото да не се повтори.

Сите шест болиди со мотори на Мерцедес добија втора спецификација на агрегатот на Канадското Гранд При што подразбираше нов мотор со внатрешно согорувсање, нов турбо полнач и нов топлински МГУ-Х дел од Системот за повраток на енергијата.

Моторот на Строл откажа во утринската сесија во Сабота што донесе загриженост кај германскиот производител за останатите мотори на другите болиди. Сепак, не се појавија никакви дополнителни проблеми во остатокот од викендот.

Во фабриката каде се произведуваат агрегатите на Мерцедес во британски Бриксворт, била спроведена темелна анализа за причините за дефектот, а потоа биле превземени мерки истото да не се повтори.

причинител беше една свеќичка која предизвика редица други проблеми кои на крајот доведоа до откажување на моторот. веќе превземавме мерки за тоа да не се случи во франција – објавија од Мерцедес.

Проблемите со свеќички се реткост во Формула 1 иако уште на првата трка во турбо хибридната ера во Мелбурн во 2014 година, Хамилтон не заврши поради таков проблем.

По дефектот, во болиот на Строл беше вратен стариот агрегат со кој тој возеше на првите шест трки, мотор со многу километри кои дефинитивно беше побавен од новиот, но и покрај тоа стигна до поен и 10то место.

Резервен мотор од новата спецификација Мерцедес имале подготвен во Канада, истиот не бил наменет за некој тим посебно, но помеѓу утринската сесија во Сабота и квалификациите, немало доволно време за да се промени и подесе соодветно агрегатот. На Пол Рикард, Ленс ќе има нов мотор од втора спецификација, ќе биде негов трети, така што следниот му носи казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ