Мерцедес ја посветија титулата на Ники Лауда

Мерцедес АМГ Ф1 ја посвети својата 6та последователна конструкторска титула на починатиот Неизвршен претседател на тимот, австриската Формула 1 легенда, Ники Лауда.

Трикратниот возачки првак беше дел од тимот Мерцедес од 2012 година се до неговата смрт сезонава и ги прослави сите претходни титули со тимот во турбо хибридната ера.

Победата на Ботас и третото место на Хамилтон беше доволно за Мерцедес да дојде до титулата кај конструкторите оваа година и со тоа се изедначи со рекордот на Ферари од шест последователни наслови.

Мислам дека сакам да ја посветам оваа титула на Ники кој беше важен дел од почетокот на ова патување. Ники би кажал ви благодарам за шестата и имаме проблем за наредната година и тогаш би заминал – се присетува тото волф, прв човек на тимот и голем пријател со летечкиот ники.

Мерцедес со сигурност ќе стане првиот тим со двојни титули шест пати по ред бидејќи за возачката титула се борат Хамилтон и Ботас.

Секоја титула е специјална од различни причини. Оваа е посебна бидејќи не беше лесно да се пронајдеме себе си и да се мотивираме.

Ни недостасува Ники и затоа оваа титула и изедначувањето на рекордот со Ферари од пред 15 години е навистина посебно. Имавме тешки квалификации. Не може да се даде одговор за 30 секунди бидејќип многу луѓе работат на проектот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ