Мерцедес W10 за шеста двојна титула

Актуелните двојни прваци од Брекли, тимот на Мерцедес, ги објави сликите од својот нов болид пред позирањето на возачите и болидот на патеката во Силверстон.

Тото Волф изјави дека новите правила значат и нов притисок врз тимот да остане на врвот.

Новата сезона е нов предизвик за сите нас. Новите правила донесоа големи промени. Моравме да почнеме од ново и да се докажеме пред нашите очеквувања и нашите конкуренти.

Сезоната ја почнуваме со нула поени и ништо нема да земеме здраво за готово се додека не сме на врвот.

Всушност новите правила и новата сезона на секој тим му даваат шанса и мислам дека имаме поголема закана. Со нетрпение чекам да се појавиме во Барселона и да видиме дали нашите симулации се точни како и резултатот на патеката. Ќе се фокусираме на перформасите и се надевам дека ќе имаме уште една конкурентна сезона во сабота во Мелбурн.

Иако В10 е адаптиран на новите правила, тој го задржа меѓуоскиното растојание како својот претходник. Техничкиот директор на тимот, Џејмс Алисон, додаде:

Доколку се разгледа од блиску ќе може да се види дека овој концент е уште поразвиен од до сега. Сите делови се подобри за да се зголеми аеродинамиката и да се направи тоа што не беше возможно со ограничувањата од лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ