Мигранти влегле во Англија со камионот на Ферари

Двајца мигранти добиле експресен превоз до Британското Гранд При откако се качиле на камионот на Скудерија Ферари кој ја премнесувал опремата на Формула 1 екипата.

Портпарол на екипата изјави дека мигрантите се скриле и бие откриени кога предметите од камионот биле растоварани во Силверстон во Среда, а потоа биле предадени на полицијата. Се верува дека мигрантите се качиле во камионот незабележани на француското пристаниште Калаис.

Хуманитарните организации проценуваат дека неколку стотини мигранди живеат во Калаис со надеж дека на некој начин ќе најдат превоз до Велика Британија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ