Мик Шумахер ќе вози Ф2004 во Германија

Мик Шумахер ќе има демонстрација со Ферари Ф2004 болидот со кој татко му ја освои својата последн атитула како дел од овогодишната Голема награда на Германија.

Членот на Академијата на Ферари оваа сезона се трка во Формула 2 тркачката серија, но тој календар на ја содржи Хокенхајм и покрај желбата на промотерите на Гранд При настанот.

Сепак, организацијата она Хокенхајм инсистираше Мик да биде дел од настанот преку демонстрација од некаков вид.

Михаел искористи четири шасии за да стигне до својата седма титула во 2004 година, а Мик ќе провози токму една од нив во Германија. Неговата демонстрација ќе се случи во пресрет на квалификациите во Сабота, а на патеката ќе се појави и во Недела пред паратата на возачите.

ќе биде мега да се вози тој болид на хокенхајм. последен пат бев на таа патека кога ја прослауввав мојата формула 3 шампионска титула, а сега ќе добијам шанса да возам еден од најсилните болиди во формула 1 историјата на истата патека. веќе се ежам.

сите моторспорт љубители може да чекаат фантастичен и многу гласен момент – најави мик.

Таткото на Мик има четири победи зад себе на легендарниот германски автодром. За Рос Браун, кој беше поранешен шеф на михаел, настанот ќе биде многу емотивен момент.

Ферари Ф2004 стигна до 15 победи таа сезона како кулминација на златната ера на Ферари која настана како плод на долготрајната и макотрпна работа на фантастична група на инженери и возач кој не знаеше за доста.

сигурен сум дека сите фанови на хокенхајм ќе бидат задоволни да го доживеат тој звук на патката повторно, особено со мик во кокпитот.

едно од најчестите барања од фановите е да ги видат на патеката болидите кои ја испишале формула 1 историјата, така што оваа демонстрација на хокенхајм не смее да се пропушти – смета рос.

Ова нема да биде прво возење на Мик на некој болид кој го возел татко му за време на Гранд При викенд откако пред две години во Белгија му беше доверен Бенетон со кој Црвениот Барон стигна до својата прва шампионска титула во 1994 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ