Мишелин ги откри причините за откажување од Ф1

Мишелин откри дека има два клучни фактори за тие да не учествуваат на Тендерот објавен од ФИА, а во врска со следниот снабдувач на гуми во најпрестижната тркачка серија во светот. Французите во моментов работат на проценка на своето евентуално враќање во спортот во 2020 година.

Иако тие сакаат да влезат во Формула 1 од 2006 година, сепак две клучни баања на ФИА се проблем на сопнување за нив. Прво, французите не се среќни што првата годниа ќе мора да доставуваат 13-инчни пневматици пред да се променат на 18-инчните кои многу повеќе ги знаат. Тие не кријат дека сакаат да работат само со поголемите и поради тоа ја испитуваат исплатливоаста на таквиот потег.

Ние сме против 13-инчните тркала поради тоа што не се во согласност со нашата визија. Понатаму, мораме да создаваме такви гуми само за една сезона, а тоа ќе биде големо трошење на нашето време и нашите пари, а тоа е голем проблем за нас – изјави портпарол на компанијата.

Втор клучен проблем за компанијата е барањето на ФИА да се создадат гуми со висока деградација, односно пневматици кои многу би се трошеле затоа што ФЕдерацијата сака трки со по две застанувања во бокс и поради тоа им треба голем пад на перформансите за да се натераат возачите да менуваат. Тие сакаат гуми кој ќе имаат константнос подолг период за да се докажат како доверлив производител, а возачите да може да притискаат силно.

Гума која се уништува по неколку кругови не е нешто што сакаме да произведуваме, ние не сме обожаватели на деградацијата.

Французите ќе ја разгледуваат можноста да се вклучат во Тендерот до последен момент, а имаат рок до 31 Август да ја поднесат својата понуда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ