Млада екипа сме и учиме по промените, смета Биното

Шефот на Ферари, Матиа Биното верува дека тимот ќе биде многу подобар сезоната и смета дека скорешната промена во дел од персоналот значи дек екипата сеуше е во фаза на учење.

Италијанецот во пресрет на почетокот на сезоната беше унапреден од Технички шеф во прв човек на екипата, а од тоа место беше отстранет Маурицио Аривабене, откако не успеваше да ја прекине доминацијата на Мерцедес.

Во Маранело пристигна и младата надеж Шарл Леклер на местото на искусниот поранешен првак Кими Раиконен, а беа направени и бројни внатрешни промени во екипата. Првите пет трки тимот исто толку пати беше победуван од Мерцедес и тоа во доминантен 1-2 стил, а Матиа бара време за Ферари да се подобри и да ги поправи недостатоците во болидот.

не сметам дека имаме катастрофална сезона туку дека се подобруваме. како што велам често, ние сме млада екипа, учиме и во однос на процесирање на методите имаме многу за учење.

среќен сум и задоволен со подобрувањето/ доколку е проблем со дизајнот на нашиот болид, тогаш зависи што е и дали ќе можеме д го решиме оваа година – смета биното.

Ферари донесоа нов мотор во Шпанија, а аеродниамички новини на претходните трки, но Мерцедес сеуште се далеку иако на почетокот на сезоната се мислеше дека италијанците ќе бидат водечка екипа која ќе треба да се победи.

ограничувањата се присутни уште од првата трка, ги воочивме во австралија од петок до недела затоа што беа јасни и очигледни. тешко е да се каже колку време ќе ни треба да ги решиме и мислам дека е поважно да дознаеме што е точно проблемот, но и тоа е тешко да се направи.

но, ние никогаш нема да се откажеме затоа што наша крајн цел е да бидеме подобри на секоја следна трка. секоја патека е различна, а монако многу се разликува од барселона. нашиот болид има свои силни, но и свои слаби страни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ