Младиот Латифи задоволен од сработеното

Николас Латифи е задоволен од својата втора тренинг сесија во која учествуваше со болидот на Вилијамс на француски Пол Рикар.

Канаѓанецот возеше Формула 1 болид и на домашниот Жил Вилнев пред две недели, тогаш управуваше со болидот на Роберт Кубица, а на Ле Кастелет го возеше ФВ42 на Џорџ Расел. На крајот на сесиајта тој заврши на 18то место со подобро време од Кубица, а зад Вилијамс остана и Роман Гросжан кој имаше дефект во својот болид.

беше добра шанса да се извози уште една петочна сесија толку брзо по канада. сеуште имам ритам за формула 1 болид и се чувствував удобно. како и да е, условите утрото не беа добри и беше тешко да се задржи грип во гумите од круг во круг – објасни николас.

Младиот возач бил задоволен што немал проблеми и инциденти и можеше да го предаде болидот на редовниот возач за остатокот од тркачкиот викенд, а тој да се насочи кон она што го очекува, односно Формула 2 трката.

се на се задоволен сум со тоа како мина денот. имав чиста сесија и безбедно му го вратив болидот на џорџ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ