Монтоја: Проблемите на Фетел се технички, не ментални

Поранешниот Формула 1 возач, колумбиецот Хуан Пабло Монтоја, смета дека овогодинешните проблеми на Себастијан Фетел се технички, а не ментални како што некои сметаат.

Германецот нема победено од минатата година во Белгија, а неговиот тимски колега Шарл Леклер има две последователни победи во Белгија и Италија. Победата на Леклер во Италија предизвика многу прослави додека Фетел се изврте од четврта позиција на почетокот на трката непречен од никого и доби казна поради небезбедно враќање на патеката.

Мислам дека нешто не му се допаѓа на болидот или гумите од оваа година, додека Леклер полесно се приспособи.

Фетел страда кога се обидува да вози брзо како Леклер. Тој не е среќен со болидот и мора да форсира, а тогаш се случуваат грешки. Ова не е ментален проблем туку е технички. Треба да се разбере и да се најде што е проблемот – смета монтоја.

На Леклер му одговара овој болид, а Фетел често се жали дека не може да го најде балансот. Монтоја ја спореди ситуацијата со неговите две години во Мекларен кога тимот мораше да направи посебна предна суспензија за неговиот болид за повеќе да му одговара.

Морав да го променам начинот на сопирање и повеќе други работи. Промена на начинот на возење е комплицирана работа. Доколку сакате да сте брзи мора да ви одговара болидот или брзо да научите што е доста тешко.

Фетел има договор со Ферари до крајот на 2020 година, а се шпекулира дека неговиот договор може да биде прекинат порано, односно уште по крајот на оваа тркачка сезона.

Тој треба да ја спушти главата и да работи со тимот напорно. ТОа е единствениот начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ