Монтоја смета дека Ботас е поцелосен возач од Розберг

Колумбиецот Хуан Пабло Монтоја смета дека Валтери Ботас е поцелосен возач од Нико Розберг, Формула 1 првакот од 2016 година.

Монтоја е импресиониран од изданијата на Валтери сезонава и неговата борба против Луис Хамилтон.

валтери ботас е поцелосен возач од нико розберг. лани беше многу тешка година за него, но успеа да се врати во ритам, да одговори на предизвикот и во моментов врши фантасична работа – изјави хуан пабло за шпански АЅ.

Сличностите помеѓу Ботас и Розберг, Монтоја ги гледа во фактот што двајцата успеваат на моменти да го раздрмаат петкратниот првак.

гледате дека луис почнува да прави грешки на тренинзите, грешки кои вообичаено не ги прави. кога почнувате да грешите за да бидете побрзи, тоа значи дека некој ве притиска.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ