Монца се поблиску до нов договор

Големата награда на Италија е се поблиску до обезбедување на нов договор со челниците на Формула 1 кој ќе ја задржи трката на легендарната Монца до 2024 година.

Годинешното издание на трката е последно согласно постоечкиот договор, а се стравуваше дека недостатокот на финансиска поддршка ќе го остави врвот на моторспортот без една од најатркативните патеки. Од италијанската моторспорт федерација (АЦИ) изјавуваа дека на патеката и требаат 60 милиони евра за да биде подготвена за јхубилејното издание во 2022 година.

Неделава Федерацијата излезе со соопштениет во кое се вели дека нов петгодишен договор е се поблиску.

аци и формула 1 се договорија во врска со економскит еаспекти на соработката и договорот за италијанското гранд при во монца за период од пет години од 2020 година до 2024 година.

генералниот совет на италијанскиот автомобилски клуб му даде на претседателот анџело стичи дамиани мандат да продолжи со преговорите со формула 1 на сите технички и комерцијални аспекти во врска со партнерството со цел за кусо време да се потпише целосно оперативен договор за продолжување на соработката – гласи соопштението од аци.

На својот Твитер профил ова се огласи Претседателот Стичи Дамиани:

генерален договор е постигнат помеѓу аци И ФОРМУЛА 1 ЗА ЕКОНОМСКИТЕ АСПЕКТИ НА СОРАБОТКАТА и новиот договор за формула 1 гранд при во монца до 2024 година. ќе продолжиме со преговорите со формула 1 за да имаме потпишан договор за кратко време.

Економскиот аспект на новиот договор беше главна пречка, така што во деновите кои следат се очекува и официјална потврда од двете страни за продолжување на соработката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ