МотоГП, Малезија: Маркез ќе стартува 7ми, промена на времето за старт

Трката за Голема Награда на Малезија во МотоГП првенството ќе започне еден час порано, односно во 06:00 по македонско време. 

По обилните дождови во саботните квалификации, организаторите се одлучија да го поместат времето за почеток на утрешните неделни сесии.

Во самите квалификации, Марк Маркез стигна на пол позиција, откако првин падна со едниот од своите мотори, но потоа го блокираше Андреа Ианоне за што заработи казна од 6 грид места и ќе стартува од седмата позиција.

Маркез очигледно не го забележа Ианоне од својата лева страна, концентрирајќи се на другите возачи позади себе од десната страна. Жоан Зарко од Тек 3 Јамаха ќе стартува од пол позиција.

Целосниот распоред за неделните сесии, по македонско време:

  • Мото 3 Трка: 03:00
  • Мото 2 Трка: 04:20
  • МотоГП Трка: 06:00

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ