Напредокот на Рено е забавен поради затворање на воздушниот тунел

Рено открија дека нивниот аеродинамички напредок по крајот на летната пауза бил целосно стопиран поради потребата целосно да се исклучи нивниот воздушен тунел неколку недели поради реновирање и подобрување на истиот.

Францускиот производлите годинава се мачи со подобрување на аеродинамичките карактеристики на својот болид, во сезона во која го напреднаа својот мотор. Сирил Абитебул, шефот на екипата, откри дека разбирањето на болидот кое го направиле во првиот дел од сезоната ги натерало да донесат одлука да го подобрат воздушниот тунел во Енстон. При тоа, тие биле свесни дека подобрувањата мора да се направат во пресрет на новите правила од 2021 година.

знаевме дека имаме проблем. предните крила се супер осетливи, а начинот на кои тие ја допираат шасијата, подот и останатите делови е многу осетлив и моравме да имаме подобро разбирање околу тоа во воздушниот тунел.

тоа значеше дека тунелот мора да се затвори подолго од само за време на летната пауза што влијаеше на развојот, а фактот дека работевме на повеќе проекти значеше доцнење, но тоа беше инвестиција која мораше да се направи.

ако сакаме да стигнеме до планираното ниво, мораме да ги направиме овие работи. подобрувањата се охрабрувачки знак, но мора и повеќе да се направи и подобро да работиме – смета абитебул.

Французинот појасни дека во затворањето на тунелот многу придонел и недостатокот на инвестиции во периодот кога Енстон бил под други сопственици.

реновирањето почна пред почетокот на летната пауза, а заврши по крајот на истата така што тоа значеше губење на месец кога немавме никакво користење на него. се беше согласно планот и  се должеше на малите инвестиции од претходните сопственици што не назадуваше и во одреден период мораше да биде направено.

со 2021 година толку блиску пред нас, мораме да се подготвиме за се иако тоа значи забавување на годинешниот развој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ