На Ботас не му е потребен психолог

Валтери Ботас вели дека неговиот напредок во формата во 2019 година е поради подобрениот психолошки пристап кон Формула 1.

Финецот беше лош лани откако постојано беше поразуван од својот тимски колега, Луис Хамилтон. Хамилтон тврди дека новиот инженер на Ботас му помогнал досега, но Ботас вели дека се работи за малите детали.

Работев на слабите страни во моето возење и сетапот, како и на мојата брада. Мислам дека е повеќе прашање на пристап, бидејќи во секој спорт се работи за менталната страна. Повеќе ментална, наместо физичка.

Нема никој кој ме познава повеќе отколку што се познавам себе си. Знам дека мора да испорачам.

Немам притисок оваа година. И нема да го чувствувам, без разлика на се. За мене моменталната ситуација е како од сон, да се борам во првенството и да имам близок дуел со Луис.

Немам притисок, се обидувам да уживам и резултатите ќе дојдат. Крајот на минатата сезона беше прилично тежок ментално. Беше тешко за мене. На крајот на годината, најдов начин да се чувствувам повторно добро и да почнам со правилен пристап.

Секогаш мора да имате почит и да размислувате за тимот, но исто така и за себе си и вашата кариера. Работев кон тоа, но оваа година гледам на краток рок.

Ако стигнеме до крајот во блиска битка за титулата, колку ќе бидеме поблиску толку ќе биде потешко. Но и двајцата ја знаеме ситуацијата, ние сме возрасни и сакаме да победиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ