На Гасли му е виновен сетапот

Младиот возач на Ред Бул, Пјер Гасли е свесен дека погрешил со сетирањето во пресрет на квалификациите во Франција откако дополнил потисна силан а својот болид, но загубил перформанси што било видливо уште во првиот квалификациски сегмент.

Најголем дел од неговите конкуренти поставија топ 10 кругови во К2 со медиум гумтие за да не ги користат силно деградирачките софт на почеток од утешната трка, но Гасли мораше со црвени гуми за да успее да мине во К3. На крајот тој се квалификуваше како 9ти и зад себе во К3 го остави единствено Антонио Џовинаци кој исто како и него мина во последниот квалификациски сегмент на софт гуми, нешто што ќе им биде проблем на утрешниот старт.

третата тренинг сесија наутро беше пристојна и направивме некои промени кои мислевме дека се во вистинска насока, но погрешивме и мораме да анализираме. загубивме многу грип, а со тоа и ритам и на крајот немавме сила да напредуваме од к2 на медиум гуми и моравме на софт. тешки квалификации – призна гасли.

Сепак, тој е свесен дека почеток со софт на трка е многу тешко затоа што истите силно деградираат на претоплото време на Ле Кастелет

прерано е да се каже што ќе направие утре, но ќе биде многу топол ден, а софт гумите не се добри за такво време и ќе мораме да најдеме начин да извадие максимум од нив. момците пред мене се на медиум, а не очекувам никој од оние зад мене да одбере да почне на софт. можеби можеме нешто да направиме преку стратегијата поради тоа што почнуваме на разлина гума од останатите. мораме да се обидеме се што може, првата серија ќе биде навистина голем предизвик.

Францускиот возач е изннаден што неколку тимови се особено блиску до нив, при тоа мислејќи на силната форма на Мекларен.

веројатно не очекувавме тие да се толку блиску до нас со новините кои ги имаме. останатите екипи притискале силно и напредувале доближувајќи се до нас, а мекларен се навистина силни.

тешко е да се каже дека ова е посебна патека, знаеме дека е многу техничка, како на пример монако, а тоа е добро за нас затоа што хонда ги враќа своите перформанси, но споредено со мерцедес и ферари сеуште сме назад.

јасно е дека направивме погрешен чекор во квалификациите, но гледајччи го макс и неговата предност во однос на мекларен, тие се многу блиску и не знам како.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ