На Гросжан му недостасува стариот асфалт

Возачот на Хаас, Роман Гросжан, вели дека новата површина на Пол Рикар влијае над возачите и е причината за неколку извртувања во петочните сесии за Француското Гранд При.

На французинот му недостасува старата асфалтна површина која тој смета дека имала повеќе грип, но се надева дека новата ќе еволуира во текот на викендот.

Да, новиот асфалт не е одличен. Моментот кога ќе се вратите на стариот, се е добро, а новиот е многу лизгав и не може да се предвиди, затоа видовме неколку извртувања.

Има повеќе делови со нов асфалт и лесно може да се почувствува разликата, а има и голема разлика во грип. Можеби ќе стане подобро во текот на викендот, но ми недостасува грипот од минатата година.

Ова е можеби најлошиот Петок во годината. Имавме истекување на вода во Т1. Добро е кога болидот е добро балансиран. Но мислам дека нашата основа беше далеку од тоа што целевме цел ден, така да, заостануваме.

На крајот извозев пет кругови во утрината и еден сет во целото попладне. Навистина е комплицирано, особено кога балансот е целосно погрешен.

На крајот бев посреќен. Мислам дека се движиме во правилна насока, но штета е што изгубивме толку време на патеката и започнавме толку лошо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ