На Леклер му олеснило по победата

Шарл Леклер верува дека неговата прва Формула 1 победа многу му олеснила и му го намалила притисокот, сметајќи дека првиот триумф е чекор кој секогаш е тешко да се направи.

Младиот возач од Монако го задржа Луис Хамилтон зад себе за прва победа на Скудерија Ферари сезонава. Претходно младиот возач пропушти победи во Бахреин и Австрија.

среќен сум што стигнав до мојата првап обеда. секогаш е многу тешко да се направи првиот чекор, но штом го направите се ослободувате од притисокот и ви паѓа товар од рамењата. горд сум, но немам време да размислувам повеќе затоа што неколку денови подоцна веќе сме во италија и треба целосно да се фокусираме на претстојната работа – смета шарл.

Возачот на Ферари ја мина целта со само 9 десетинки пред Хамилтон на Мерцедес откако втората серија бешеп обавен од британецот. Тој појасни дека трката заедно со фаталната несреќа и смртта на неговиот дургар Антоан хубер, го направило викендот претежок.

успеавме се да компелтираме како што треба. имаше навистина импресивна тимска работа помеѓу мене и Себ кој одлично го задржа хамилтон зад себе неколку кругови и ми помогна да направам предност која на крај беше доволна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ