На Мекларен им требале уште 5 кругови за Норис да биде успешен

Мекларен сметаат дека им требале уште 5 кругови за стратегијата со две влегувања во бокс за Ландо Норис да се покаже како позитивна на Британското Гранд При.

Норис изгледаше дека ќе има уште едно фантастично шоу во Силверстон, но тимот одлучи да не го внесе во бокс за време на безбедносното возило, откако веќе преминаа на медиум компонента неколку кругови претходно.

Тимот се надева дека влез во бокс во завршницата на трката ќе се исплати бидејќи ривалите променија во периодот на безбедносното возило и ќе имаат стари пневматици, но тоа не беше случајот.

На крајот Норис влезе за хард компонента и со тоа падна надолу на редоследот и ја заврши трката на 11то место.

За Ландо, со сите податоци кои ги имавме за пневматиците, сметавме дека ќе биде голем ризик да вози до крајот – вели Андреас Сеидл.

На крајот сакавме да пробавме со нови хард компоненти. Но изгледа ни требаа уште 5 кругови.

Норис истакна дека иако било очигледно дека стратегијата била погрешна, тој не сака да го критикува тимот за одлуката.

Ја донесовме погрешната одлука за време на безбедносното возило и не влеговме кога требаше. Не се коцкавме, едноставно се надевавме дека повеќе болиди ќе изгубат перформанси кон крајот, но тоа не се случи.

Стратегијата беше погрешна, но не беше нешто што можевме да го знаеме однапред. Јас стојам позади нив, тие не погрешија. Едноставно не ја донесовме правилната одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ