На Мерцедес им требале 7 кругови за одлуката

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри дека стратешкиот тим поминал 7 кругови размислувајќи дали да го внесат Хамилтон по втор пат во бокс, што на крајот се покажа како клучна одлука за победа на Унгарското Гранд При.

Луис Хамилтон го продолжи својот прв стинт за 7 кругови и имаше понови хард пневматици со кои го започна нападот над Верстапен, но возачот на Ред Бул ја задржа својата предност.

Хамилтон возеше на само неколку секунди позади Верстапен, но во 48от круг беше повикан во боксот за нов сет на медиум пневматици. По тој момент, тој имаше 22 кругови да ја надомести разликата од 20 секунди, подвиг во кој тој успеа и на крајот го претекна Верстапен за победа.

Дискутиравме од 40от до 47от круг, дискутиравме дали да го внесеме во бокс и како да ги изненадиме Ред Бул. Тоа беше дебата која траеше седум кругови.

Тимот реагираше на правилен начин и се што научивме од Хокенхајм со дисциплината на радиото и протоколот во стратегијата, искористивме да разгледаме опции, а потоа Џејмс Ваулс ги евалуираше и ни го даде неговото мислење.

До тој момент, Луис се приближуваше до Макс и изгледаше дека ќе го претекне на хард пневматиците, но имавме премногу мала разлика во сопирачките и тој неможеше повеќе да го следи на ист начин.

Единствена опција да се избегне второто место беше да се ризикува со надеж дека медиум пневматиците ќе создадат предност за нас.

Првично не изгледаше добро, но од тој момент Луис ја здогледа можноста дека нема враќање назад.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ