На Ф1ТВ и треба уште една година за решавање на проблемите

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, истакна дека проблемите со Ф1ТВ стриминг сервисот во текот на трката во Азербејџан биле неочекувани и дека е потребна уште една година за да се најде решение за сите мали проблеми.

Ваквата услуга се смета за значителен приход во иднина за Формула 1, преку која фановите директно ќе и плаќаат на Формула 1 за премиум сервисот. Сепак, многу претплатници ги добија назад средствата откако имаа проблем со пристап кон услугата во Баку.

Проблемите кои се појавија во Азербејџан беа неочекувани, Но тоа е природата на нашата платформа, мора да се соочиме со тоа. До некој степен, тоа е проблематично. Тоа ќе се случи од време на време, но мислам дека напреднавме. сепак, проблем може да се појави.

Овие неште не се совршени и ќе ни биде потребна најверојатно уште една година за да ги решиме сите мали проблеми, Но проблемот кој се појави е надвор од очекуваното.

Мора да се осигураме дека ги разгледуваме сите области, но мислам дека самата платформа во суштина функционира прилично добро. Не е совршена, но е прилично добра.

За повеќе нешта треба време. Некоја од содржината која сакаме да биде достапна е во процес на изработка. Секако имаме форми на содржина кои ќе ги додадеме на крајот на сезоната, работиме на тоа.

Не сме навлегле сеуште во се, како на пример архивиите, каде мислам дека сите сакаат да ги видат одличните трки од 90-тите, од 80-тите, одличните финиши, претекнувања, такви работи.

Сеуште се работи на содржината и искрено, најверојатно нема да престанеме. Најверојатно од почетокот на наредната година и почетокот на следната потоа ќе ја имаме Првата Фаза од врвен производ кој го замисливме.

Мислевме начелно дека ќе го имаме сето тоа за 2 години, очигледно минатата година заостанувавме. Но наместо 2, ќе бидат потребни 3. Кога имате проблеми, малку ве назадуваат, но мислам дека направивме напредок – јасен е кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ