Нетрпеливиот Расел: Подготвен сум да возам за Мерцедес

Шпекулациите околу возачите на Мерцедес за 2020 година се во тек, а се чини дека “сребрените стрели“ и оваа година ќе имаат едно празно место кое ќе го решаваат по летната пауза.

Луис Хамилтон има уште една година за одработување од тековниот договор, но Валтери Ботас има едногодишен договор, со опција за продолжување. Финецот одлично ја почна сезоната, но на последните трки се мачи да дојде до нивото на Хамилтон, а од позадина главно чека и Естебан Окон кој сезонава е само резервен возач.

Тука е и главниот Џорџ Расел, актуелниот Формула 2 шампион кој сезонава ја одработува тркајќи се за Вилијамс и победувајќи го искусниот Роберт Кубица.

ако тото ме повика утре и ме праша дали сум подготвен да возам за мерцедес, јас ќе му одговорам дека апсолутно сум подготвен. не се потпирам на тоа да валтери има лоши трки, туку самиот да се изборам преку перформанси и резултати за моето место. ако не успеам да го направам тоа, ќе признаам и ќе кажам дека не сум ја завршил мојата работа како што треба.

во врвна форма сум, во моментов сум целосно посветен на вилијамс, но доколку мерцедес ме побара, ќе бидам подготвен – изјави расел.

По скорешните најави на Тото Волф дека доколку французинот Окон најде место во друга екипа, ќе биде ослободен од обврските кон Мерцедес, се чини дека Расел е пред него како кандидат за возачкото место во вториот сребрен болид.

мерцедес ми постави цели и секогаш кога успевам да ги остварам поставените цели тие ме наградуваат. имам верба дека ако имам перформанси на вистинското ниво, нема зошто да не добијам шанса да напредок.

погледнете што прават макс верстапен и шарл леклер во ред бул односно ферари. искуството е многу важно, нема сомнеж во тоа, но многу често не е само тоа потребно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ