Николас Хамилтон: Луис ми нема дадено “денар“ за мојата кариера

Николас Хамилтон, полубратот на петкратниот Формула 1 шампион, Луис, се врати на тркачките патеки и сака да појасни неколку работи, инсистирајќи дека тој се трка поради личен напор, а не поради презимето.

26 годишниот возач, кој се бори со церебрална парализа и стана тркач со хендикеп, се подготвува за цела сезона во Британското Туринг Кар Првенство (БТЦЦ) и смета дека заслужува пофалби.

Откако најавив, луѓето рекоа: А, тој е таму поради брат му и само парите зборат. Луис ми нема дадено “денар“ за мојата кариера и сакам да го истакнам тоа, зошто луѓето треба да знаат. Многу е тешко, луѓето цело време претпоставуваат.

Ние не сме такви. Јас не сум човек кој користи луѓе. Луис го има постигнато тоа што го има постигнато благодарејќи на своите способности, со татко ми како поддршка. Последно нешто што сакам е да му побарам неколку милиони фунти и да му кажам: дојди да ме поддржиш во тркањето.

Денес сум на свои нозе. Направив се што можев да стигнам тука и последно нешто што ми треба е помош – вели Николас.

Британецот, кој имаше неколку трки во 2015 година, смета дека Луис и Антони, нивниот татко, кои помогнале на почетокот, сакале тој да прави нешто друго.

Мислам дека брат ми или татко ми не сакаа да се трка, но тоа јас го сакам и секогаш притискам – додаде тој.

Николас Хамилтон е роден 2 месеци прерано и е дијагностициран со спастична дисплегија. На нему му било соопштено дека нема да може да чекори и дека неговото десно око значително ќе биде оштетено. Помина 5 години во количка.

Само сакав да ја надминам мојата состојба, а многумина околу мене ми велеа дека нема да можам да правам некои работи и се што можев е да се седам во количка и да ме навредуваат.

Секогаш сакав да се тркам, но никогаш не верував дека е возможно. Татко ми ме стави во картинг кога имав 7 години и не бев доволно силен да притиснам на сопирачките.

Беше многу тешко. Но знаете, ако не бев во мојата состојба, немаше да бидам тука денес. Тоа ме направи човекот кој што сум и горд сум на тоа.

Како хендикепиран, никогаш не ги знаете своите граници. Гледате кон велосипед, на пример и помислувате дека немате основна стабилност, неможе да ги движите педалите, тоа е невозможно.

Гледате кон тркачки автомобил и мора да бидете во форма, многу прецизни. Гледав кон тоа и мислев дека никогаш нема да можам да го правам тоа. Така се чувствував.

Но никогаш нема да знаете доколку не се ставите себеси во таа ситуација и да ги надминете тие пречки – вели Николас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ