Нико смета дека коментарите на Биното за Фетел се брутални

Нико Розберг смета дека коментарите на Матиа Биното за Себастијан Фетел се благо речено брутални.

Во Германија, запрашан за падот во формата на Себ, шефот на Ферари изјави.

како да му помогнеме? со тоа што ќе бидеме искрени со него. со тоа што ќе му кажеме јасно дека очекуваме повеќе од него и со тоа што ќе му кажеме дека не е добар како што треба да биде.

во моемнтов би кажал и дека тој можеби претерува со болидот затоа што сака да компензира за недостатокот на перформанси од пакетот.

По овие коментари, Нико Розберг изрази чудење:

јас ја гледам ситуацијата едноставно, држењето на болидот на ферари, особено во задниот дел, одговара повеќе на леклер одошто на фетел. во моментов ферари не може да му даде болид кој би го возел удобно.

сите шест возачи во топ 3 екипите се под голем притисок, тоа го знам затоа што сум бил во таква ситуација.

искрено се запрашувам за начинот на кој ферари даваат изјави. дури и матиа биното го критикува фетел и неговиот стил во јавност. тоа е брутално.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ