Нова екипа ќе се приклучи во Формула 1 во 2021?

Се појавија шпекулации дека нов Формула 1 тим ќе се приклучи во спортот од 2021 година, според извори блиски до RaceFans.net.

Пантера Тим Азија Ф1 сеуште не аплицирале за влез во серијата во 2021 година, а можноста за приклучување е отворена откако ќе  бидат објавени новите правила за 2021 година.

Последна екипа која се приклучи во спортот е Хаас, во 2016 година, а американците се единствените кои ќе приклучиле по Вирџин, Лотус и ХРТ, кои пак веќе не се на гридот.

Според RaceFans, Пантера веќе ги вработиле потребните луѓе на сениорските позиции, кои го вклучуваат Тим Милне за одговорен за аеродинамика, кој работеше за Манор пред нивното откажување во 2017 година.

Од тимот е очекува да го следат примерот на Хаас, да користат делови од снабдувачи, наместо да развиваат сопствени, со цел да се намала трошоците.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ