Новиот Рено мотор посилен за 10 – 15 “коњи“

Рено најверојатно се решија за промовирање на својата Ц спецификација на моторот во Белгија, мотор кој треба да е посилен за 10 до 15 коњски сили од тековниот со кој вози фабричката екипа, но и Мекларен.

Пред летната пауза шефот на Рено, Сирил Абитебул потврди дека се работи на нова спецификација и само е прашање на време кога истата ќе биде донесена на патеката.

Нов мотор во двата болида на Рено значи казна за Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг, а истото се однесува и на болидите на Мекларен возени од Карлос Саинз и Ландо Норис. И покрај тоа Рено се одлучија да го стават новиот мотор на Спа која бара доста сила од моторот и се надеваат дека ќе добијат 10 до 15 коњи.

Рикардо прв ќе го проба новиот мотор на тренингот во Петок пред Рено да се одлучи за другите болиди.

Сеуште не се знае дали моторот ќе биде наместен на болидот на Хулкенберг или ќе се чека трката во Италија каде двата болида ќе добијат казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ