Норис имал притисок поради фактот што вози за екипа како Мекларен

Ландо Норис вели дека големината на тим како Мекларен е “прилично луда“ и тоа додало дополнителен притисок во неговата деби сезона, особено на почетокот.

Норис премина во Формула 1 откако заврши на второ место во Формула 2 минатата година, а трофејната екипа на Мекларен, создаде целосно нов возачки тандем со него и Карлос Саинз.

Во првата трка, Норис се квалификуваше на осмата позиција и освои поени на втората со пласман на шесто место во Бахреин, а во исто време призна дека како одминува периодот тој се чувствува порелаксирано.

Прилично е лудо. Особено тим како Мекларен, се е толку добро, има толку многу луѓе. Тие се на повисокото ниво споредено со мнозинството од тимови.

Секој ден кога пристигам, се е феноменално. Сум зборувал со многу луѓе, аеродинамичари, луѓе кои работат во одделот за карбон, сите се кул и секогаш учам нешто ново.

Тоа додава притисок во исто време, знаејќи дека сите тие луѓе се потпираат на мене и Карлос да завршиме добра работа. Имате притисок, но тој исчезнува со тек на време. По првата трка, сфатив дека има многу луѓе кои очекуваат нешта. И сега е исто, но порелаксирано и убеден сум во моето возење, можам да завршам подобра работа и нема да ги разочарам.

Норис е на 10то место во пласманот по 12 трки, а најдобар резултат се две трки со пласман на шеста позиција.

Се за што комуницираме сега, заедно со Карлос, е нешто за кое што добиваме подобрување за 3,4 трки. Позитивен сум околу тоа. Не сакам да има негативен ефект кога ќе го добиеме подобрувањето.

Во Ф2 немате подобрувања, го менувате сетапот, но не на ниво како во Формула 1. Многу од нештата кои ги споделувам со тимот годинава ќе имаат голем ефект следната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ