Норис не е загрижен од брзината на Рено

Рено намали доста од предноста која Мекларен ја имаше на 4то место во конструкторскиот поредок на последната трка во Монца, но Ландо Норис е убеден дека екипата од Вокинг ќе продолжи да напредува.

Француската фабричка екипа имаше силна трка, беа драстично подобри од Мекларен на квалификации, а трката ја завршија на 4то и на 5то место со двајцата возачи освојувајќи вкупно 22 поени.

Мекларен имаа проблеми при менувањето кај Карлос Саинз чија предна десна гума не беше соодветно наместена, додека Норис тргна со казна поради нов мотор и на крајот стигна само до поен.

сакам да се надевам дека оваа патека “им лежеше“ повеќе одошто на пример тоа ќе биде случај со сингапур. секогаш биле брзи на правците, имаа 1-2 викенди во кои не изгледаа силно. освоија одлични поени и ние мораме да се осигураме дека ќе возвратиме уште на следната трка. не знам што се случи со карлос, не знам кое место беше кога имаше проблем, но фрустрирачки е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ