Норис: Новиот договор со Мекларен не менува ништо

Ландо Норис истакна дека фактот што неговото место е потврдено и за 2020 година нема да промени ништо околу неговата цел да продолжи со импресивните перформанси во дебитантската Ф1 сезона.

Норис има двојно повеќе поени од другите дебитанти во 2019 година заедно, Албон, Џиовинаци и Расел, доволно за осмата позиција во пласманот, едно место позади тимскиот колега, Карлос Саинз.

Мекларен се најдобри од останатите во пласманот, а неделава возачите беа наградени со нови договори за 2020 година.

Норис вели дека тоа што му е загарантирана иднината не било во неговите мисли годинва и тој очекува многу мали промени во иднина.

Лично, не размислувам многу околу мојот договор. Добра вест е што ќе бидам тука повторно и наредната година, но во исто време тоа не беше нешто за што бев загрижен или пак да притискам кон истото.

Не ми требаше повеќе самодоверба за да возам подобро. Јас се забавувам, опуштен сум. Нема да се однесувам поинаку од претходно. Не бев нервозен, “дали ќе бидам тука и наредната година“ или нешто слично.

Од почетокот не очекував да имам перформанси како Карлос. Не очекував всушност ништо. Сакав да видам како ќе оди. Би рекол дека е подобро од очекуваното. Многу сум среќен со постигнатото до сега.

Но сеуште треба да напредувам додека не сум таму каде што треба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ