Норис продолжува со нов мотор

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе го користи новиот мотор на Рено во текот на целиот викенд во Британија.

Оваа Б-спецификација на агрегат од Вири беше промовирана кај Даниел Рикардо на Пол Рикар во Франција, а во Австрија моторот го добија и шпанецот Карло Саинз како и вториот возач на Рено, Нико Хулкенберг.

Кај Норис беше заменет моторот со внатрешно согорување како и турбо полначот пред последниот тренинг во пресрет на квалификациите. Норис и Мекларен се во одлична форма и тој беше 6ти најбрз со стариот мотор. Тој е задоволен од новиот асфалт и од шансите што ги има на неговата прва домашна трка.

Новиот асфалт станува се подобар но сеуште има нерамнини кои може да те изненадат. Не е лесно но мислам дека оди се по план.

Пред последниот тренинг беше најавена промена на шасијата на Рикардо откако тимот откри оштетувања по Т2.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ